Мурињо ги шокираше своите фанови и им ја врати насмевката на навивачите на Челси

Стратегот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо пред почетокот на второто коло во Премиер лигата, изјави дека според него, главен фаворит за титулата е актуелниот шампион Челси.

-Луѓето зборуваат дека Челси загубиле важен играч од средниот ред, но еден, а купија двајца одлични играчи Бакајоко и Дринквотер. Овде нема проблем, проблем може да има само ако продадете, а ништо не купите. Мислам дека се посилни од минатата сезона,- изјави Мурињо.

Португалецот со оваа изјава ги разочара своите навивачи, кои посакуваат да слушнат дека „црвените ѓаволи“ ќе бидат шампиони на крајот од сезоната. Но, познавајќи го „специјалниот“, можеби сето тоа е само блеф.

-Што се однесува до трката за освојувач на лигата, шампинот секогаш е прв фаворит. Поради тоа и беа шампиони. Но, тоа не мора да значи дека и оваа сезона ќе ја освојат титулата,- додаде Мурињо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e