Мурињо даде оценка за „селекторскиот“ настап на Роналдо во финалето на ЕП

Жозе Мурињо не е импресиониран од „селекторскиот“ настап на Кристијано Роналдо за време на финалето на Европското првенство во Франција.

Португалската ѕвезда беше извадена од игра поради повреда на коленото во првото полувреме од дуелот против Франција на „Стад де Франс“ за потоа да се врати покрај аут линијата и да манијакално да гестикулира кон соиграчите до крајот на натпреварот, кој заврши со победа на неговиот тим од 1:0 по продолженијата.

Претходно, португалската легенда Антонио Симоеш го искритикува Роналдо за однесувањето во финалето, а сега на критиките се придружи и тренерот на Манчестер Јунајтед.

– Кристијано Роналдо не помогна на никаков начин со тоа што го правеше во последните минути од финалето на ЕП. На теренот имаше 11-мина играчи кои си ја вршеа работата и човекот надлежен да ги води беше селекторот. На тоа гледам како наплив на емоции кај некој кој виде дека неговиот тим е на само неколку минути од остварување на посакуваната цел – изјави Мурињо за португалската телевизија „СпорТВ“.

Тој сугерираше дека Роналдо изгубил контрола, но дека тоа не е така страшно.

– Тој малку изгуби контрола врз емоциите, но тоа не е така лошо. Моето искуство ми кажува дека во такви моменти, кога треба да се донесат важни одлуки, играчите најчесто се изгубени во својот свет – додаде Мурињо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e