Металург се засили со уште еден бек

Македонскиот ракометен вице-шампион, тимот на Металург се засили со Немања Младеновиќ, играч кој доаѓа од француски Сесон Рен, а може да игра на позициите лев и среден бек.
Бекот кој има само 22 години, својата кариера ја започнува во германски Гумерсбах, каде останува 5 години, по што следните две сезони настапува во Франција. За официјалниот сајт на Металург, тој потврдува дека можноста да работи со Лино Червар е една од главните причини што доаѓа во Скопје, секако и можноста со Металург да игра во европските натпреварувања.
– Металург е големо име во европскиот ракомет. Можноста да работам со Лино Червар дополнително ме мотивираше, исто како и шансата да играм во Лигата на Шампионите и СЕХА лига. Ми се допаѓа проектот на Металург и подготвен сум да бидам дел од него, – истакнува Младеновиќ.
Извор: Дерби

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e