Меси го фрли Реал на колена

Навивачите на Барселона долго ќе се сеќаваат на 266. Ел класико и голот на Лионел Меси во втората минута од судиското продолжение за победа од 3:2.

Спектакуларниот натпревар  на “Сантијаго Бернабеу” на крајот стана кошмар за домашните фанови.
Меси го фрли Реал на колена играјки како во најдобрите денови, за да на крај последниот гол го прослави со свлекување на неговиот дрес и на сите фанови на Реал им го покаже натписот со неговото презиме.

Со ова, Барселона се изедначи со Реал во бодови но мадридистите имаат натпревар помалку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e