(МЕГАГАЛЕРИЈА+ВИДЕО) Вака изгледаше прославата на плоштадот Македонија за ракометарите на „Вардар“

Десетици илјади граѓани денеска се собраа на плоштадот Македонија во Скопје, каде ги пречекаа европските шампиони во ракомет, ракометарите на „Вардар“.

Час и половина ечеа навивачки и патриотски песни, а се вееја знамињата на ракометниот клуб „Вардар“, на Македонија и со сонцето на Вергина.

Ракометарите пристигнаа во 13.45 часот со двокатен автобус во боите на клубот. Тие беа придружувани од полиција, а кога пристигнаа, добија громогласен аплауз од граѓаните.

На почетокот на манифестацијата, химната на Македонија ја отпеја пејачката Викторија Лоба, а потоа водителите, по претставувањето на кратката историја за клубот, почнаа да ги прозиваат ракометарите на сцената.

 Сите истакнаа дека ова е заслужена победа за Македонија и дека сè уште не можат да поверуваат дека успеале да се искачат на ракометниот врв на Европа.

Извор: Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e