Манчестер Јунајтед ја освои Лига Европа

Тимот на Манчестер Јунајтед со 2-0 славеше во финалето од Лигата на Европа против тимот на Ајакс и успеа да го освои ова првенство по прв пат во нивната историја.

Англискиот тим беше фаворит за освојување на титулата, а тимот на Жозе Мурињо тоа го покажа и на теренот.

Со голот на Погба, Манчестер Јунајтед поведе во 18. минута, а 1-0 беше и резултатот на полувремето.

Конечните 2-0 ги постави Микхтарјан веднаш по започнувањето на второто полувреме, во 48. минута.

Со оваа победа, Манчестер Јунајтед избори пласман на Супер Купот на УЕФА, помеѓу победниците на Лига Европа и на Лигата на Шампионите, кој што ќе се игра во Скопје на 8. август, а противникот за тој натпревар ќе го добие на 3. јуни, во финалето од Лигата на Шампионите во кое што ќе играат Реал Мадрид и Јувентус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e