Македонија загуби на гостувањето во Шпанија

И во четвртиот натпревар македонската фудбалска сениорска репрезентација забележа пораз. Овој пат, на патот на нашите фудбалери се најде репрезентацијата на Шпанија која го оправда статусот на апсолутен фаворит и успеа да извојува победа доста лесно со убедливи 4:0.

Натпреварот започна добро за Македонија, со две стопроцентни шанси за гол кои за жал Тричковски и Пандев не успеаа да ги искористат.

Иако во најголемиот дел од натпреварот топката беше во посед на шпанците, нашата одбрана функционираше беспрекорно  се до 34-та минута кога Велковски си постигна автогол по што се тргна во надолница.

До крај шпанците преку Витоло, Монреал и Адурис успеаа да постигнат уште 3 гола за конечни 4:0 за Шпанија.

Позитивно на овој меч е што селекторот Ангеловски им даде шанса на неколкумина играчи од младата репрезентација.

Следниот меч го играме против Лихтенштајн на гости во Март следната година.

На табелата води Шпанија пред Италија, а по нив следуваат Израел, Албанија, Македонија и Лихтенштајн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e