Македонија вечерва против Албанија ги почнува квалификациите за СП во фудбал

Со оптимизам, мотивираност и желба за добар резултат македонските фудбалери го очекуваат вечерашниот дуел во Скадар против Албанија, прв од новиот квалификациски циклус за Светското првенство 2018.

Селекторот Игор Ангеловски најави дека неговите избраници се подготвени за нов почеток и верува дека ќе стартува со позитивен резултат.

– Ова е почеток на нов квалификациски циклус. Имаме противник кој е во подем. Тие беа учесници на последното ЕП и тоа е дополнителен мотив да влеземе со максимално залагање и да започнеме со позитивен резултат. Работиме во прекрасна атмосфера и се надевам на многу подобри денови и резултати на македонскиот фудбал почнувајќи од утре. Немаме проблеми со повредени. Подготвени ќе влеземе на мечот, изјави Ангеловски.

Селекторот додаде дека во целост им верува на сите повикани играчи.

– Воспитан сум дека луѓето не треба да ги делам по ниедна основа. Кога се работи за фудбалот постојат само добри и помалку добри фудбалери. На сите што се повикани им верувам повеќе од своите очи. Среќен сум што имаме такви фудбалери во составот. Ова е натпревар, подобриот на зелениот терен нека победи, додаде Ангеловски.

Натпреварот Албанија – Македонија се игра вечер со почеток од 20 часот и 45 минути во Скадар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e