Македонија се пласираше во осминафиналето на СП во ракомет

Штотуку заврши натпреварот помеѓу Словенија и Тунис во рамките на четвртото коло од групната фаза на светкото ракометно првенство кое се одржува во Франција.

Иако тунижаните водеа во текот на целиот натпревар, а на 5 минути до крајот имаа и водство од 28:24, сепак словенците успеаа некако да дојдат до израмнување и до бод кој воедно ги отпишува Тунис во битката за осминафиналето што автоматски значи дека репрезентацијата на Македонија  ја осгурува најмалку четвртата позиција која води во разигрувањето.

На табелата Словенија е прва со 7, Шпанија втора со 6 (натпревар помалку), Македонија трета со 4, Тунис 2, Исланд 1 и Ангола 0 бодови.

Овој пласман Македоонија може да го подобри доколку успее на наредните два натпревари утре со Шпанија и особено четврток со Исланд да освои најмалку 2 бода и со тоа да ја избегне Франција во елиминационата фаза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e