Македонија елиминирана во осминафиналето на СП

Македонија го заврши својот настап на Светското Ракометно Првенство во Франција.
Ракометарите претрпеа тежок пораз од Норвешка со дури десет голови разлика и резултат 24-34.
Жесток старт на норвешките ракометари кои први дојдоа до водство, нашите ракометари се обидоа да ја анулираат негативата и успеаја во 13-та минута кога прв пат изедначија на 5-5.
 Норвешка повторно се одлепи со серија од 3-0, на која нашите возвратија со 4-0 и дојдоа до првото водство во 24-та минута.
 Неколкуте промашени зицери и погодените пречки добро ги искористија норвежаните кои заминаа на полувреме со предност од 12-10.
 Првите 30 минути воедно беа и најнеизвесните, по што противникот веднаш постигна два едно по друго гола и дојде до позитива од+4.
 Разликата од минута во минута растеше, на 10 минути пред крајот на средбата скандинавците дојдоа и до двоцифрена предност, по што на крајот резултатот гласеше 34-24.
 Кирил Лазаров со 6 погодоци беше најдобриот поединец во нашиот табор, а го следеше Стоилов со четири погодоци. Во победничкиот тим, Јондал и Аагосен постигнаа по 6 погодоци.
 Инаку, во осминафиналната фаза за денес се предвидени уште три натпревари. Првиот меѓу домаќинот Франција и селекцијата на Исланд ќе стартува во 18 часот, а потоа следуваат дуелите Бразил-Шпанија и Русија – Словенија кои се предвидени за вечерниот термин од 20.45 часот.
 Во разигрувањето за пласман од 17-то до 20-то место Полска беше подобра од Тунис со 28-26, додека во натпреварот за пласман од 21-то до 24-то место јапонија ја совлада Ангола со високи 37-26.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e