Луиз на прегледи во Лондон , Челси и ПСЖ ја договараат трансфер сумата

Давид Луиз вечерва ќе ги мине лекарските прегледи во Лондон, по што и официјално ќе се врати во редовите на својот поранешен клуб Челси.

Бразилскиот дефанзивец очигледно не го импресионираше новиот тренер на ПСЖ, Унај Емери, па тој дозволи заминување на Луиз кој својот прв трансфер во Челси го реализираше во 2011 година од Бенфика.

Она што до крајот на преодниот рок треба да биде решено е сумата која ќе ја издвои англискиот клуб кој понуди 30 милиони фунти. Сепак ПСЖ не сака да загуби премногу за Луиз со оглед на фактот што пред две години за неговиот потпис издвои 50 милиони фунти.

Извор: Дерби

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e