Лош натпревар во Плзен: Чешка лекција за Македонија

Македонската сениорска ракометна репрезентација беше надиграна од Чешка во вториот квалификациски меч за пласман на Европското првенство во Хрватска во 2018 година, со резултат од 35:28.

Домаќините до победата стигнаа со извонредна реализација која ја посочи нашата одбрана како слаба точка во овој меч. Противникот ја користеше секоја можност, постојано го контролираше резултатот и заслужено го освои целиот плен.

Ние само до 3-3 држевме егал по што противникот направи серија од 7-0 од која не успеавме да се вратиме. Чесите на полувремето имаа плус шест (18-12), за да на стартот на вториот дел дојдеме до минус три, меѓутоа повеќе од тоа не успеавме да се доближиме, домаќинот одново имаше свои моменти и ние го запишавме првиот пораз во овој циклус.

Капитенот Лазаров со девет и Манасков со осум гола беа најефикасни во нашиот табор, додека за Чешка десет погодоци даде Хрстка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e