Лоик Реми по повредата се враќа назад во Челзи

Францускиот напаѓач Лоик Реми се врати во редовите на Челзи само една недела откако беше официјално позајмен на градскиот ривал Кристал Палас.

Причина е повредата со која се здоби црномурестиот фудбалер во понеделникот а поради која можеби ќе треба да паузира наредните два месеци.

Сепак, периодот на заздравување ќе го помине во клубот со кој има договор.

“За жал, Лоик се повреди и не ја знам точно големината на повредата. Али извесно е дека на него нема да можеме да сметаме викендот.” – изјави за Скај спорт, менаџерот Алан Пардју.

Реми требаше да биде едно од најголемите засилувања на Кристал Палас но за жал работите тргнаа наопаку уште на самиот почеток. Останува да се види каков ќе биде крајниот епилог од целата ситуација.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e