Кристијано Роналдо се враќа во Лисабон

Најдобриот играч во Европа и најдобар стрелец во историјата на Лигата на Шампионите, Кристијано Роналдо, вечерва на почеток од сезоната во која Реал го брани трофејот ќе игра на натпреварот против Спортинг Лисабон, клубот каде што израсна како играч и го привлече вниманието кај гигантите од Стариот континент.

Роналдо во 2003 година, како талентиран 18-годишник го напушти Лисабон и се пресели во Манчестер Јунајтед, од каде што потоа отиде во Мадрид.

“Ова е посебен натпревар за мене, против специјален клуб. Спортинг има одличен тим, одличен тренер Жорж Жезус. Тоа ќе биде уште еден посебен момент во мојот живот”, изјави Роналдо, кој на возраст од 12 години од родната Мадеира пристигна во Лисабон.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e