Косово домаќин во Албанија во квалификациите за СП 2018

Косовска фудбалска репрезентација, квалификациите за Светското првенство во Русији како домаќин ќе ѓи игра во албанскиот град Скадар, објави албанскиот премиер, Еди Рама.

Косово ја нема потребната инфраструктура на стадионот во Приштина, а во првиот меч како домаќин ја дочекува Хрватска на 6. Октомври на обновениот стадион “Лоро Бориќи”.

-Се надевам дека стадионот во Скадар ќе донесе среќа и на албанскиот и на косовскиот тим во квалификациите за Светското првенство – напиша Рама на својот Фејсбук профил, пренесува агенцијата АТА.

Косовската федерација е примена во УЕФА, и покрај тоа што се прекрши статутот според кој земјата што не е членка на Обединетите Нации не може да биде членка на УЕФА. Овој преседан подоцна ја отвори и вратата кон ФИФА.

Косовските фудбалери официјалното деби во квалификациите ќе го имат во Финска, а во квалификациската група се уште и Турција, Украина и Исланд.

 

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e