Кошаркарска лекција од Велика Британија за крај на сите надежи за ЕП 2017

Македонската кошаркарска сениорска репрезентација беше надиграна од Велика Британија во последниот домашен натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2017 година.

Во салата „Јасмин“ во Кавадарци, нашите јалови обиди за победа беа разбиени со триумф на гостите изразен со 89-62, со што ги загубивме сите шанси за пласман на континенталниот собир кој е закажан за наредната година. Гостите поведоа од стартот и ја градеа предноста од четвртина во четвртина, додека нашата единствена шанса беше кога се доближивме на 51:56. Сепак, Британците го задржаа приматот на теренот и успешно ја користеа секоја наша грешка во одбраната, неодлучност и недостаток на реализација.

Николовски со 17 и Стојановски со 15 беа единствените наши играчи со двоцифрен учинок, додека кај Британците лидер беше Кларк со 21 поен.

Последниот натпревар од овој квалификациски циклус го играме в Сабота, при што и гостуваме на Унгарија, но без оглед на конечниот исход не можеме да се надеваме на „Евробаскет 2017“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e