Конечно некакви информации за Михаел Шумахер

Поранешниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, веќе 2,5 години се опоравува од тешките повреди здобиени во текот на несреќа на скијање. Тој при падот удри со главата во карпа и беше во кома неколку месеци.

За сето време од неговото опоравување главно стигнуваа само лоши вести, но изгледа дека среќата за славниот возач му се насмевна и тој конечно успеа да застане на нозе.

Како што пишуваат дел од медиумите, славниот Шумахер наводно ги направил своите први чекори со помош на физиотерапевт.

Тој, поради неможноста сам да се движи користел инвалидска количка. Меѓутоа, главниот газда на Ферари, Кука Кордеро ди Монтеземоло пред 10-тина дена изјави дека Шумахер добро реагира на терапијата и се очекува да се опорави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e