Калкулации: Како Македонија може да се најде на ЕУРО 2017 во Полска

Машката фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, синоќа ја совлада Шкотска со 0:1 и широко ги отвори вратите кон можен пласман на едно големо натпреварување, во овој случај Европското првенство во Полска 2017.

Во моментот постојат повеќе комбинации, секако најдобро е да бидеме првопласирани и да избориме учество во Полска, но и со втората позиција можеме да дојдеме до идентичен успех, но сето тоа ќе мора да се одработи преку бараж.

Од „групата 3“, во игра за пласман понатаму се Исланд, Македонија и Франција, со тоа што Македонија и Франција имаат натпревар повеќе. Постојат повеќе калкулации, но ние се надеваме дека ќе се реализира онаа првата.

Натпревари до крај Македонија:
Македонија – Северна Ирска (06.09.2016)
Македонија – Шкотска (08.10.2016)

Натпревари до крај Франција:
Франција – Исланд (06.09.2016)
Северна Ирска – Франција (11.10.2016)

Натпревари до крај Исланд:
Франција – Исланд (06.09.2016)
Исланд – Шкотска (05.10.2016)
Исланд – Украина (11.10.2016)

КОМБИНАЦИЈА 1: Прва позиција за Македонија
Македонија – две победи
Исланд – најмалку два кикса, со реми и пораз, двапати нерешено, два порази

КОМБИНАЦИЈА 2: Втора позиција за Македонија
Доколку Исланд победи се до крајот, или има само еден неуспех со две победи, тогаш Македонија за да биде втора повторно и се потребни две победи, затоа што Франција со само еден наш кикс, би ја освоила таа позиција.
Постои можност и како најдобро второпласирани без бараж да играме на ЕП во Полска, но затоа ќе треба да се вклопат и резултатите од другите групи.
Моментално на табела „најдобро второпласирани“ сме трети, но на истата не се бодуваат освоените бодови со последнопласираните тимови, средби кои ќе имаат некои на нашите конкуренти во една таква ситуација.
Доколку не успееме да бидеме најдобро второпласирани, Македонија ќе одигра бараж со некоја од останатите второпласирани тимови, а противникот ќе се дознае дури по ждрепка.

КОМБИНАЦИЈА 3: Трета позиција за Македонија
Секогаш мора да бидеме подготвени и за најлошото, иако во овој случај воопшто и не сакаме да помислиме на нешто такво. Македонија би можела да биде и трета, доколку не оствариме две победи, Франција победи двапати до крај, а Исланд во евентуален пораз од Франција, ги добие на домашен терен Украина и Шкотска.

Ние навиваме за Комбинација 1, избраниците на Милевски покажаа дека се достојни за едно големо натпреварување, а сето тоа се надеваме ќе го потврдат на „Филип Втори“ во пресметките против Северна Ирска и Шкотска.

Извор Дерби

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e