Јувентус неубедливо, но доволно за четвртфинале

Актуелниот освојувач на италијанскиот фудбалски Куп, Јувентус, обезбеди пласман во четвртфиналето на актуелното издание и тоа по победата над Аталанта со 3:2.

Иако Јувентус водеше со 2:0 и 3:1, сепак на крајот мораше посериозно да внимава во играта во одбрана бидејќи гостите од Бергамо опасно се закануваа да израмнат и да се изборат за дополнителни минути на „Јувентус Арена“.

Резултатот го отвори Дибала со атрактивен гол, а во продолжение му асистираше на Манџукиќ за 2:0 на полувреме. Во вториот дел, Конко намали, па Пјаниќ од пенал врати два гола позитива за Јувентус. Со голот на Лате Лат во 81. минута, Аталанта дојде до 3:2 и повторно имаше активен резултат, но не успеа да израмни.

Јувентус во четвртфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Милан и Торино.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e