Јувентус ќе понуди 75 милиони за играчот од средината на Реал Мадрид

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус посакува да се засили максимално во средниот ред, за новата сезона во која конкуренцијата во Серија А ќе биде на највисоко ниво во последните пет сезони.

Управата на „старата дама“ ќе испрати понуда од 75 милиони евра за Матео Ковачиќ, играчот кој во Реал Мадрид пристигна од Интер за 31 милион евра.

Околу оваа ситуација главниот збор ќе го има тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан, кој се уште се нема изјаснето дали ќе планира на услугите на Хрватот во новата сезона.

Со доаѓањето на Дани Себаљос од Бетис, конкуренцијата во средниот ред максимално ќе биде зголемена, а Ковачиќ не доби голема шанса ниту во изминатата сезона, каде претежно започнуваше од клупата за резервни играчи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e