Јунајтед соопшти рекорден приход и ги откри трошоците за отказот на Ван Гал

„Црвените Ѓаволи“ попладнево го соопштија финансискиот резултат за сезоната 2015/16, клубот од Олд Трафорд остварил рекорден приход.

Манчестер јунајтед е првиот клуб од Премиерлигата кој забележа приход над 500 милиони фунти.

Најтрофејниот клуб од Англија, денеска го соопшти последниот финансиски резултат, според кој сезоната 2015/16 е завршена со приход од 513,5 милиони фунти.

Клубот од Олд Трафорд исто така обелодени дека Луј ван Гал и неговиот персонал добиле 8,4 милиони фунти како обештетување.

На Холанѓанецот во мај му беше врачен отказ по две години поминати на кормилото на „Црвените Ѓаволи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e