„Изгор“ цени за Суперкупот

Вртоглави суми за сместување за суперкупот во Скопје. На еден месец до одржувањето на спекталкот во Скопје, цените на сајтот Боокинг достигнуваат нереални суми за ноќевање.

Иако најголемиот дел од хотелите за 8 август се распродадени, слободни соби во Скопје сè уште има, но хотелиерите бараат минимум три дена престој по цени кои се движат од 240 до 540 евра од ноќ.

Покрај хотелите, во градот под наем се даваат и станови преку сајтот Аирбнб. Скопјани се инвентивни, па така голем дел од имињата на становите на Аирбнб се со имиња „стан блиску до Суперкупот“, или пак „Традиционален македонски дом за УЕФА 2017“. Цените тука за разлика од хотелите се далеку пониски, и се движат од 70 до 320 евра од ноќ во градот.

Странските навивачи кои доаѓаат во Скопје велат цените наеднаш се покачиле, голем дел од нив ќе слетаат во Софија и Солун, бидејќи според нив, тоа било најевтина варијанта.

Бројката на навивачи кои се очекува да пристигнат во Скопје се движи околи 10.000 навивачи на гигантите Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед кои на 8 август се очекува да пристигнат во Скопје.

„Сите имаме резервации, работата е како ќе стигнеме таму. Некои со авион ќе одат до Бугарија. Сите одат по различни тури, но не летаат до Скопје“, изјави Мик Грум – Лидер на навивачка група на Манчестер Јунајтед.

Скапиот превоз и сместување ги натера фановите на Реал Мадрид да дојдат во Скопје само за натпреварот, најголемиот дел од 5.500 фанови кои се очекуваат да пристигнат, велат дека ќе се сместеле во Софија, цените биле попристапни.

„Доаѓаме во Скопје два дена претходн, преку Софија, одиме со авион до Софија и од Софија до Скопје со автобус“, изјави Карлос Клара – Лидер на навивачка група на Реал Мадрид.

Одржувањето на Суперкупот ги скара власта и друштвото за стопанисување со станбен и деловен простор. Меѓусебните обвинувања за застојот на работата го ставија и под знак прашалник одржувањето на купот. Во прашање беа 2 милиони евра за исплата на фирмите кои работат на Арената Филип Втори, заради кои работата беше во застој.

Извор: 24 ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e