Имаше место само за еден од Роналдо и Меси: Капело ги издвои тројцата најдобри играчи во историјата на фудбалот!

Искусниот Фабио Капело веќе извесно време е без работна задача и чека на нов ангажман во светот на фудбалот, но тоа не го спречува да дава коментари за актуелните случувања со кои и тоа како го привлекува вниманието на влијателните медиуми.

Во своето последно излагање кое го имал за „Фокс Спорт Италија“, легендарниот италијански стручњак се одлучил да говори на секогаш актуелната тема, односно за тоа кои се тројцата најдобри играчи во историјата на фудбалот.

Капело работеше со безброј големи имиња во текот на кариерата и имаше можност да гледа во живо многу големи ѕвезди, но покрај тоа што ги изостави сите кои ги тренираше, од својот список на најдобри тргна и еден од двајцата фудбалери кои ги одбележаа изминативе десет години.

Во својот избор на најдобри фудбалери во историјата, Капело не најде место за Кристијано Роналдо иако едно време му беше тренер во Реал Мадрид, но затоа испрати големи пофалби за Лионел Меси кого го смести во избрано друштво на Пеле и Марадона.

– Меси, ти благодарам за сето она што му го нудиш на фудбалот и ти посакувам многу среќа околу твоето здравје. За нас е многу важно секогаш да те гледаме на теренот, – искрено му се обратил Капело, додавајќи.

Пеле, Марадона и Меси, тоа се тројцата најдобри и најголеми во историјата на фудбалот. Тоа се оние кои ја воодушевуваат публиката и кои те тераат да станеш од столче гледајќи ги, – додал 70-годишниот Италијанец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e