Хрватска и Словенија се пласираа во полуфиналето од Светското ракометно првенство

Во последните натпревари од четвртфиналето на Светското првенство во ракомет кое што се одржува во Франција, репрезентациите на Хрватска и Словенија изборија пласман во најдобрите четири.

Во арената во Париз, Словенија со 32-30 успеа да слави против репрезентацијата на Катар во еден навистина интересен натпревар.

Репрезентацијата предводена од Веселин Вујовиќ го конторлираше резултатот за време на целиот натпревар, а во еден момент имаа и +9.

Во полуфиналето Словенија ја чекаше репрезентацијата на домаќинот, Франција.

Шпанија и Хрватска одиграа вистински трилер натпревар во кој што тимот на Жељко Бабиќ славеше со 30-29.

Иако на почетокот на вториот дел изгледаше дека Хрватска лесно и мирно ќе го заврши овој натпревар, сепак Шпанија беше далеку од откажана, па успеа да се врати.

Шпанците го имаа и последниот напад на натпреварот, при негатива од еден разлика, но сепак хрватска одбрана успеа да издржи и да се пласира во ново полуфинале.

Хрватска во полуфиналето ќе игра против Норвешка.

Дуелот помеѓу Франција и Словенија ќе се игра на 26. јануари, додека Хрватска и Норвешка силите ќе ги одмерат на 27. јануари. И двата натпревари започнуваат од 20.45.

Натпреварот за трето место ќе се игра на 28. додека големото финале е закажано за 29. јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e