Храбра Македонија ги намачи фаворизираните Шпанци

Македонската ракометна репрезентација успеа да ги намачи фаворизираните Шпанци и не само што одржуваше неизвесност дури 50 минути, туку на моменти имаше и солидна предност против „црвената фурија“ на дуелот од Светското првенство во Франција.

На крајот Шпанците славеа со 29:25, но резултатот не ја отсликува реалната ситуација на теренот и одличната игра на избраниците на Лино Червар кои го испуштија противникот во последните десетина минути.

Шпанците првпат се заканија посериозно со водство од 8:5, но ние вративме со иста мера за 8:8, а во продолжение нашата репрезентација поведе со 14:11. Сепак Шпанците направија мини серија за 14:14 на полувреме, а во вториот дел најчесто имаа минимална предност, но Македонија одржуваше неизвесност до резултат 23:22 50. минута. Оттогаш започна серијата на противникот кој стигна до 28:22 и го реши победникот на овој натпревар. Во завршните минути ние успеавме да намалиме од негативата за конечни 29:25 за Шпанија и втор пораз на нашата репрезентација во групната фаза.

Најефикасни во нашата репрезентација беа Лазаров со 6 и Маркоски со 5 гола, додека кај Шпанија доминираше Ривера со 11 гола.

Извор: Дерби

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e