Германија освојувач на фудбалскиот Куп на конфедерации

Иако со драстично подмладен состав синоќа во Санкт Петербург, репрезентацијата на Германија славеше во финалето од Купот на конфедерациите против тимот на Чиле со 1-0.

Иако јужноамериканскиот тим стартуваше подобро и создаде неколку добри шанси во почетокот на натпреварот, сепак по една грешка на одбраната на Чиле, Штиндл ја доведе Германија до предност во 20. минута.

По постигнатиот гол на Германија, ситуацијата на теренот изгледаше поизбалансирано.

Чиле и во вториот дел на неколку пати вршеа притисок кон одбраната на Германците, но сепак голот на Тер Штеген остана незатресен.

Ова е прва титула за Германија на Купот на конфедерации, а во пресрет на светкото првенство што ќе се игра следната година исто тка во Русија каде германците ја бранат шампионската титула освоена од пред четири години во Бразил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e