(ФОТО) Ѓоковиќ доби несекојдневно барање од противникот по триумфот во Доха

Новак Ѓоковиќ веќе обезбеди место во третото коло на АТП турнирот во Доха, а на мечот со Хорасио Себалјос славеше во два сета со резултат 6:3/6:4.

Ако триумфот на Србинот беше очекуван, она што ги изненади медиумите е потегот на противникот кој по мечот инсистираше на „селфи“ со Ѓоковиќ, нешто на што не е навикнат ниту светскиот рекет број два.

– Веднаш по мечот, на теренот, Хорасио побара да направиме селфи. Ова ми се случува првпат, – изјавил Ѓоковиќ кој секако ја исполни желбата на неговиот противник.

untitled

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e