Фергусон излезе со оценка на работата на Мурињо и посочи зошто Јунајтед не се бори за титулата во Премиер лигата

Сер Алекс Фергусон е менаџер чии успеси тешко дека некој ќе ги повтори на „Олд Трафорд“, но бидејќи од носталгијата едноставно не се живее, Манчестер Јунајтед едноставно мора да продолжи да гледа напред и да се избори за полесен живот без легендарниот шкоталанѓански стратег на клупата.

Првите двајца негови наследници на клупата, Дејвид Мојс и Луи Ван Гал не ги оправдаа очекувањата на раководните луѓе на Јунајтед и поради честите критики завршија онака како што завршија, па сега на „Олд Трафорд“ го гледаме третиот мандат на еден менаџер кој се смета и за најрелевантен со оглед на репутацијата која ја има Жозе Мурињо.

По турбулентниот старт на сезоната, португалскиот стручњак успеа да ги консолидира редовите и да направи од Јунајтед тим кој го респектираат сите во Англија, а сега со преодна оценка за работата на Португалецот излезе и легендарниот Ферги кој истовремено ја посочи причината поради која Манчестер нема да се бори за титулата оваа сезона.

– Според моето мислење, Јунајтед направи одлична работа во Јунајтед и одлично ги врши задачите. Сите можеме да видиме дека има комплетна поддршка од клубот. Тимот игра навистина добро и комплетниот заклучок е дека на многу натпревари им фалеше и среќа. Мурињо имаше шест натпревари кои завршија 1:1, а на секој од нив неговиот тим беше подобар и напаѓаше. Ако не беа сите овие реми средби, Јунајтед ќе му беше конкурент на Челси за титулата во Премиер лигата. Сега не е тоа така, но Мурињо сигурно ќе знае како да се справи со тоа, – истакнал Фергусон во интервјуто за „Би-Би-Си“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e