ЕП фудбал У-21: Македонија убедливо поразена од Шпанија

Македонската фудбалска надежи беа поразени на стартот на  Европското првенство за играчи до 21 година кое што се одржува во Полска од еден од фаворитите за титулата, репрезентацијата на Шпанија.

Шпанците со убедливи 5-0 ја совладаа нашата репрезентација. Шпанците поведоа со голот на Саул Њигез во 10. минута. Резултатот го зголеми фудбалерот на Реал Мадрид, Асенсио во 16. минута, додека конечниот резултат од првото полувреме го постави Деулофеу со гол од пенал во 35. минута.

Во второто полувреме Асенсио го комплетираше својот хет-трик со головите во 54. и 72. минута.

Следниот натпревар Македонија го игра во вторник против репрезентацијата на Србија, која што беше поразена од Португалија со 2-0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e