Дарко Панчев нов спортски директор на Вардар!

Фудбалскиот клуб Вардар денеска го претстави г-н Дарко Панчев за нов спортски директор на клубот.

Легендата на нашиот тим повторно се враќа во раководните структури на „црвено-црните“. Токму во Вардар, Панчев ја почна својата блескава фудбалска кариера која одеше во нагорна линија, а подоцна ќе се закити и со трофејот во Купот на шампионите во дресот на Црвена Звезда. Потоа два пати беше во раководството на „црвено-црните“, и сега повторно се враќа во својот матичен тим.

Фудбалскиот клуб Вардар му посакува многу среќа на Панчев и многу успеси и освоени титули како спортски директор на клубот.

Добродојде дома Дарко Панчев! – стои во соопштението од клубот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e