Червар по натпреварот со Босна: Победа си е победа, но покажавме и одредени слабости

Македонија ја победи Босна и Херцеговина на пријателскиот натпревар одигран денеска во Скопје, а селекторот Лино Червар по мечот говореше за првичните импресии од единствениот контролен натпревар од отворен тип пред СП во Франција.

– Секоја победа е добредојдена, но треба да се гледа и реалната ситуација, што во случајов значеше настап со 21 играч. Друго што денеска видов е дека имавме добар пристап на натпреварот, во првите петнаесет минути игравме многу цврсто, но и промашивме многу пенали и зицери. Имаше и слабости, поточно падови, затоа не би сакал да бидам премногу строг или задоволен, да кажеме дека одигравме солидно.

Откако реши да не го повика Борко Ристовски за настап на СП во Франција, селекторот Червар ќе ги искористи контролните натпревари со БиХ и за да добие подобар увид во формата на голманите.

– Да бидам искрен, на овој натпревар задоволен сум од сите голмани. Не само од Митревски, туку и од помладите Колев и Трајковски, така што не би ги спомнувал голманите во негативен, туку само во позитивен контекст, – изјави Червар по натпреварот со БиХ, прв и единствен отворен за јавноста од трите предвидени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ