Червар најави заминување од македонската репрезентација?

Лино Червар на средината на месец Мај беше инагуриран како нов селектор на македонската машка ракометна репрезентација, но само четири месеци по потпишувањето на взаемната соработка, ценетиот хрватски стручњак изјави дека би можел да побара раскин на договорот, иако и самиот го најави како многу амбициозен проект.

Актуелниот македонски селектор, во последното интервју за „Јутарњи лист“ искрено и отворено говори за тоа какви се неговите планови во овој момент, јасно потенцирајќи дека ќе го раскине договорот со Македонија доколку пронајде заеднички јазик со првите луѓе на хрватската ракометна федерација.

– Секако дека нема да има никаков проблем да го раскинам договорот со Македонија. Сите сме луѓе од крв и месо и секој го бира својот пат. Мојот пат сигурно би била хрватската репрезентација. Европската титула е единственото нешто што ми недостасува со репрезентацијата на Хрватска. Тоа ми е единствената желба која не ми е остварена. Сакам да ја исполнам на Европското првенство во 2018 година, – порачува Червај кој со ваквата своја изјава јасно порачува дека со мислите и главата веќе е во Хрватска, репрезентација која остана без селектор по повлекувањето на Жељко Бабиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e