Червар го шокираше регионот: Ја водев најнеписмената генерација во историјата, постојано се тепаа меѓусебно!

Добро познато е дека актуелниот македонски селектор ја предводеше Хрватска цели осум години во кои освои толку многу значајни трофеи, но ако сите сметаат дека тоа е најдобрата генерација на „коцкестите“ која некогаш заиграла ракомет, Червар сега излезе со шокантна изјава за тоа во кои услови ја преземал репрезентацијата.

– Уште илјада пати можам да повторам дека тргнав со најслабиот тим во Европа. Тоа беше најслабата генерација во историјата на хрватскиот ракомет. Тоа беше најнеписмената генерација во историјата на хрватскиот ракомет. Тоа беше генерација на невоспитани, постојано се тепаа меѓу себе. Насловите беа дека ниту „африканско племе не можеме да добиеме“, а сега сите велат дека таа генерација е подобра од оваа актуелната. Да паднеш во несвест. Кога дојдоа успесите, сите почнаа да зборуваат за нив. Јас не мислам така, денеска имаме врвна репрезентација, но кој ја води и како го прави тоа веќе е друга работа. Не сакам да додавам жар во огнот, ниту тоа се очекува од мене. Не сакам да зборувам негативно. Ги разбирам сите тренери кои ја водеа и кои ќе ја водат Хрватска. Кога ќе се смират страстите, ќе се направи анализа и ќе се види што можело подобро да се направи, – изјавил легендарниот Лино во врска со елиминацијата на Хрватска во четвртфиналето на Олимписките игри во Рио.

Извор: Дерби

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e