Челзи поразен на „Стенфорд Бриџ“

Челзи загуби од Кристал Палас 1:2, а Тотенхем победи 2:0 кај Барнли и на осум кола до крајот на Премиерлигата ја намали предноста на „сините“ на седум бода.

Челзи доминираше против Кристал Палас, чии играчи беа насочени кон одбрана на својот гол, а шансите кои ги создадоа од контранапад максимално ги искористија.

Лидерот во Премиерлигата, од старот тргна офанзивно и таквата определба му донесе водство во петтатат минута кога по акцијата на Азар, Хенеси го совлада Фабрегас.

Кристал Палас возврати четири минути подоцна кога Заха соло акцијата ја заврши со прецизен удар од работ на шеснаесетникот. Две минути подоцна гостите направија целосен пресврт, Бентеке и Заха молскавично изведоа контранапад, а Белгиецот го совлада својот сонародник на голот на Челзи.

До крајот Челзи напаѓаше, но ниту една од шансите не успеа да реачизира. „Сините“ уаптија 20 удари, од кои 12 дирекнто во рамките на голот, додека Кристал Палас упати четири удари во голот, а два ја погодија целта.

Тотенхем госатуваше кај Барнили и со многу мака успеа да ги освои трите бода. Ерик Дајер во 66-та и Кореецот Сон 11 минути подоцна беа стрелци на головите, со кои Спарси ја намали предноста на Челзи на врвот на само седум бодови.

Манчестер Јунајтед без Ибрахимовиќ, Ерера и Мата не успеа да го скрши отпорот на ВБА. Дуелот на „Олд Трафорд“заврши без голови.

Лестер ја продолжи серијата на победи по заминувањето на Клаудио Раниери. „Лисиците“ го совладаа Стоук со 2:0, со головите на Ндиди, прв во Премиерлигата, и Варди на самиот почеток на второто полувреме.

Вотфорд минимално го порази последнопласираниот Сандерленд 1:0, а единствениот гол го постигна дефанзивецот Бритос по еден час игра.

Значајни бодови во борбата за опстанок освои Хал со победата над Вест Хем 2:1. Вест Хем водеше со голот на Керол во првиот дел, а во вториот пресврт направија Робертсон и Ранокија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e