Барселона го надигра Јувентус, гол-шоу на фаворитите, Ристовски дебитираше со победа во ЛШ

Вечерва во Лигата на шампионите беше на програмата првото коло од групите А, Б, Ц и Д во кои најзначајната победа ја запишаа фудбалерите на Барселона кои со убедливи 3-0 славеа над италијанскиот првак Јувентус.

Иако беше дерби на „Камп Ноу“ шпанскиот вицешампион им одржа лекција на „бјанконерите“ со тоа што во главна улога беше Лионел Меси. Аргентинецот по прв пат во кариерата го матираше Буфон, но не еднаш туку два пати и тоа во 45 и 69 минута.

Во листата на стрелците се запиша и Ракитиќ во 56 кога зголеми на 2-0.

Оваа група Д ја донесе и пресметката меѓу Олимпијакос и Спортинг Лисабон на која триумфираа гостите со 3-2, а своето деби во таборот на гостите го запиша нашиот репрезентативец Стефан Ристовски. Стефан влезе во игра во 88 минута на местото на Фернандеш, а пак потоа домаќините постигнаа два гола преку Пардо за почесен пораз.

На останатите средби се забележаа очекувани резултати, Јунајтед и Баерн Минхен победија со 3-0, ПСЖ го здроби Селтик со 5-0, додека Челси го „почести“ Карабах со шест парчиња во неговата мрежа.

Резултати:

Група А: Манчестер Ј-Базел 3-0, Бенфика-ЦСКА М 1-2

Група Б: Баерн-Андерлехт 3-0, Селтик-ПСЖ 0-5

Група Ц: Челси-Карабах 6-0, Рома-Атлетико М 0-0

Група Д: Барселона-Јувентус 3-0, Олимпијакос-Спортинг Л 2-3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e