Алиоски „украл“ телевизор со својот соиграч, одговорните луѓе на Лугано биле приморани да реагираат

Езџан Алиоски на големо го привлече вниманието на себе со феноменалните изданија во дресот на Лугано, но иако во овој момент трае зимската пауза во швајцарската прва фудбалска лига, македонскиот репрезентативец пронајде начин како да биде топ тема меѓу медиумите.

Интересно, македонскиот фудбалер и неговиот цимер Давиде Маријани изрежирале урнебесна ситуација на подготовките кои ги има Лугано во Шпанија, откако незадоволни со тоа што се соочиле во својата хотелска соба, одлучиле да изведат комичен потфат.

Имено, Алиоски и Маријани биле крајно незадоволни од големината на телевизорот во собата, а како што пренесува „Блик“, без никој да забележи, во истата го внеле најголемиот телевизор кој го пронашле во фоајето на хотелот. Нашиот фудбалер и неговиот соиграч го направиле тоа со цел да уживаат при играњето „Плејстејшн“ во слободното време кога нема тренинзи, но сепак во продолжение се соочиле со мал проблем откако во хотелот била пријавена кражба на телевизор.

Одговорните луѓе на Лугано биле приморани да спроведат истрага, а на крајот телевизорот бил вратен откако било утврдено дека Алиоски и Маријани само го позајмиле во својата соба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e