Агуеро “во аут” три натпревари

Манчестер Сити во дуелот против Манчестер Јунајтед на 10 септември ќе биде без најдобриот стрелец, Сергио Агуеро, бидејки е казнет со неиграње на три натпревари, поради ударот со лакт во дуелот од предходниот викенд со Вест Хем, кој судијата во тој момент не го виде, па затоа аргентинецот е казнет отпосле, откако камерите го регистрирале.

Покрај дуелот со Јунајтед, Агуеро нема да може да заигра и против Бурнамаунт и во натпреварот од купот против Свонси.

Напаѓачот на “граѓаните” на терен ќе се врати 24-ти овој месец, против Свонси но во натпревар од Премиер лига.

Ова е спорниот момент, поради кој ја доби казната:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e