Жена, мајка, кралица: Како македонската естрада го честиташе 8-ми март

Среќен 8ми март : Македонските јавни личности испратија пораки на нашите читателки за „Денот на жената“

Меѓународниот ден на жената се празнува на 8ми март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење. Денес,  ширум светот сите жени го празнуваат овој ден. По тој повод, нашите јавните личност и само за вистина.мк испратија пораки за Меѓународниот ден на жената.

 

Александра Пановска Илиевска 

Ги поттикнувам жените да бидат мудри, снаодливи, грижливи и моќно да балансираат меѓу кариерата и семејството. Има разлика меѓу преживување и живеење. Бидете слободни да го искусите животот на најубав начин и дајте го најдоброто, Jсекогаш во секој домен. Јас не сакам да стигнам до крајот на животот и да откријам дека сум ја живеела само неговата должина. Сакам да го проживеам животот и во целата негова широчина. Животот е убав, а дамите се поубави кога се насмеани. Среќен 8ми март дами.

 

Милена Антовска

На сите жени-борци им го честитам празникот “Денот на жената”. Овој празник е од големо значење за сите жени на 21виот век, модерни и еманципирани, чиишто одлики се способноста, храброста и борбеноста , кои јас ги нарекувам мажи-жени. Им посакувам на жените да се самопочитуваат повеќе и да не дозволуваат да бидат потчинети како во минатото, потценети во однос на способностите и да не дозволат да бидат жртви на психичко и физичко насилство. Затоа што жената е симбол за убавина, светот ќе беше ускратен од премногу убавина да не постоеше жената. Среќен празник девојки, жени или мајки, без разлика што сте.

 

Сања Сани Гроздановска

Жена!!! Тоа е мал збор со  голема тежина и огромна вредност! Нејзината работа е како планина која нема вредност и граници. Таа се создава, таа живее и остава траги од своето постоење. Нека им е среќен Денот на жената на сите луѓе од женскиот род  и ви посакувам многу здравје и љубов преку целата година не само на овој ден. Сани.

Џесика Палашоска

Да се биде жена значи да се биде столб на еден дом, борец, да се носат на грб сите тешкотии што ги носи времето, а сепак да се остане исправена, горда, самоуверена и убава во секоја до животот, бидејќи да не жената не би постоел ни овој свет. Честит празник драги дами, сакајте се и почитувајт се секој ден од годината. Насмевката на вашето лице е секогаш најубавиот подарок на вашите најблиски.


Марјана Станојковска
На сите дами во Македонија, им го честитам Меѓународниот ден на жената, 8ми март и им посакувам нивните посилни половини и деца ги сакат, мазат и пазат, не само денес туку секој ден во годината.Тие го заслужуваат тоа. Поздрав до сите жени. Who run the world-GIRLS.

Весна Бејби Петрушеска

Осми март за мене е одамна излитена форма на празнување … јас секој ден се борам за женските права, да бидеме подобро платени од мажите , да имаме поодговорни функции во општеството,да бидеме лидери на дневна комуникација , глобално да се поврземе со жените кои се постојано на браникот за нашите женски права ! Кај нас , роза, ручек во кафеана со музика која ви го оштетува слухот ? Сакам Осми март да е ден кога сите ранливи групу на жени ќе се сплотиме и ќе ги кажеме нашите барања, права, заштита и од тоа да создадеме ново социолошко и културолошко движење ! Кај нас овој ден на жената е памфлет , нешто што ме тера да бидам игнорантна , оти животот е краток и убав, немам време за тривијалности . Среќен ден на сите жени секој ден ! Со љубов , Бејби

Ване Маркоски

Овој датум има историско значење и тоа е навистина голем ден не само за дамите, туку за целиот свет. Да, секогаш треба да им посветуваме внимание на дамите со кои сме опкружени, но денеска треба да им кажеме најгласно дека сме среќни , заедно со нив, што успеале да се изборат за своите права и да им честитаме за храброста и силата со која се соочуваат, соочувајќи се со сите предизвици во животот.

Елена Стефановска

Среќен 8 март на сите жени, мајки, баби, ќерки, сите прекрасни женски души кои го оплеменуваат овој свет со својата љубов. JИма уште многу работи за кои треба да се бориме и се надевам дека еден ден ќе успееме  Биди горда што си жена, мудра и достоинствена! Убава, топла, храбра, нежна, важна и неизбежна. Среќен празник драги мои дами!


Бува Јаневска – Ивановска

Среќен 8-ми Март на сите читателки на Вистина.мк. Да бидеме уште похрабри, посилни и да се избориме за сите наши права. Заедно да го смениме светот. Ние можеме и умееме.

 

Извор: Вистина.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e