Влатко Стефановски: Ја загубив сопругата и ми остави дупка во душата

Женски Магазин: Неодамна се соочивте со голема семејна трагедија, ја загубивте вашата сопруга Гордана. Како се боревте во тие тешки моменти, како сте сега?

Влатко Стефановски: Изминатиов период ми беше многу тежок на приватен план. Исклучително тежок. Пред една ипол година син ми доживеа сообраќајна несреќа и се повреди многу страшно, и со тоа се занимававме подолго време. За жал, пред три месеци почина мојата сакана, драга сопруга со која што поминав триесет и пет години. Тоа е една огромна загуба за мене, една огромна дупка во мојата душа и се обидувам преку музиката да се спасам. Се обидувам свирејќи да го изразам сето она што се случува во мене, и за момент да најдам утеха, иако тоа е многу тешко. Сега се грижам за моите деца, ги решавам нивните проблеми, а кога ќе дојде ред и на мене, ќе решам некои и од моите проблеми. Како што повеќе влегувам во години, станувам се помалку амбициозен. Индиферентен кон самопромовирање. Подобро би свирел гитара, отколку да сум на фотосесија.-

Женски Магазин: Освен во музиката и во децата, има ли нешто друго што ви помогна да останете силен? Влатко Стефановски: Во тие многу тешки периоди, најмудрите реченици ги доживеав од најмудрите луѓе. Во знак на утеха, како знак на сочувство, чув неколку мудри работи. Една од нив морам да ја споделам, како крај на ова интервју. На Матка, бевме минатото лето, со сопругата. Сретнав една калуѓерка и ѝ се пожалив дека поминуваме низ многу тежок период. А таа ми кажа една реченица која е многу моќна: Господ не ни дава повеќе товар отколку што можеме да поднесеме. И тоа е една многу голема вистина, и очигледно дека овој товар што го носам сега бил наменет за мене.

Интервјуто со Влатко Стефановски за Женски магазин во целост прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e