(ВИДЕО) “Втора генерација” објави спот за песната “Mr. Druze Tito”

Шведската музичка група Andra Generationen или во превод “Втора генерација”, која е составена од членови со македонско потекло, денес официјално го промовираше спотот за нивниот последен сингл Mr. Druze Tito.

Групата ја составуваат Влатко Гичаревски со потекло од Крива Паланка, Стеван Томулевски, кој е по потекло од ресенското село Љубојно, Влатко Анчевски од скопското село Ракотинци и Теди Паунковски од битолско Добрушево.

Andra Generationen или “Втора генерација” егзистира неполни три децении а позначајни хитови им се „Кебап пица шливовица“ и „Хипаре хопаре“ од натпреварите за избор на шведски претставник на „Евросонг“ во 2008 и 2010 година, потоа “Балкан шема”, “Македонија” и многу други.

На видеата подолу може да погледнете неколку од нивните познати песни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e