(ВИДЕО) Валберг до својата ќерка: “Само преку мене мртов може да бидеш со Џастин Бибер”

Марк Валберг неодамна се појави на The Ellen DeGeneres Show, каде што ја раскажа приказната за еден многу специјален гостин кој беше поканет на вечера. Елен се обиде од него да извлече информација за кој точно се работи, но актерот конечно откри дека станува збор за “многу успешен” канадски пејач со име Џастин Бибер.

Вaлберг продолжи да зборува за тоа како неговата тринаесетгодишна ќерка е опседната со Џастин. Толку опседната (можеби посоодветен термин е “заљубена”), што во една прилика му рекла: “Тато, тој ќе биде мојот сопруг”.

“Само преку мене мртов”, одговорил Марк , а сето тоа го сподели со сите гледачи во шоуто со Елен.

Марк на Елен и открил дека и се “заканил” на неговата ќерка дека ќе сними песна со Џастин.

“Се заканив на ќерка ми дека ќе му се придружам во музиката само за да ја посрамотам. Таа беше навистина шокирана. ”

Ќе претпоставиме дека четириесет и пет годишниот актер само се шегува.

Всушност, Марк навистина бил во затвор кога имал само 16 години. Актерот тогаш бил на издржување на казна затвор од 45 дена за напад и обид за кражба.

Погледнете го видеото на неговиот разговор со Елен:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e