(Видео) Вака изгледало медиумското деби на Ким Кардашиан пред 10 години

Пред да стане препознатливо ТВ лице, американската старлета Ким Кардашиан работела како стилистка на Парис Хилтон. А првите папарацо фотографии и првиот новински текст Ким го добила благодарение на дружењето со богатата наследничка.
Имено, американскиот портал TMZ објавил снимка за која се верува дека е првата на која Ким се појавува, и тоа токму во друштво на Парис. Снимката настанала пред 10 години, пред еден ноќен клуб во Лос Анџелес, а акцентот е ставен на актерката Тара Рид, на која обезбедувањето не ѝ дозволило да влезе во клубот, и Парис Хилтон, која победоносно влегла во истиот.

Иронијата во оваа ситуација е дека, 10 години по медиумското деби, ни Тара Рид ни Парис Хилтон повеќе медиумски не постојат, додека девојката за која камерманите прокоментирале дека има “добар задник”, суверено владее со таблоидите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e