(Видео) Што изјави Брус Спрингстин за Доналд Трамп?!

 

Американската рок легенда Брус Спрингстин го опиша Доналд Трамп како “срам” за Соединетите Американски Држави и го обвини републиканскиот кандидат дека е демагог кој нуди едноставни решенија.

Спрингстин, во неговата музика се занимава со положбата на работничката класа во Америка.

“Апсурдноста е повеќе од карикатура. Но, тој стигна доволно блиску ( до Белата куќа) што ве прави нервозни “, вели Спрингстин во интервју за” Skavlan “ток-шоу што се емитува во Норвешка и Шведска.

“Мислам дека нема да победи, но фактот дека е во трката за Белата куќа ви предизвикува чувство на срам како Американец,”, вели познатиот рокер.

“Трамп знае како да и каже на публиката некои од работите кои таа сака да ги слушне, вклучувајќи ги и пораките за оние кои не се чувствуваат добро поради се помрачната Америка”.

“Имаме некои проблеми во САД, огромна разлика во распределбата на богатството, што создава плодна почва за демагогија”, рече Спрингстин, додавајќи дека Трамп “има еден многу едноставен одговор на овие исклучително сложени проблеми.”

Спрингстин даде интервју во пресрет на издавањето на новиот албум “Born to Run”, кој се очекува следната недела, во кој тој го опишува своето детство во Њу Џерси и патот до славата.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e