Вечерва „Бела ноќ“ во Скопје

Традиционална манифестација „Бела ноќ“ ќе се одржи вечер во Скопје. Во рамки на богатата програма најавена од организаторите на повеќе локации во градот ќе се одржат концерти, изложби и улични перформанси.

Во Музејот на град Скопје, Музејот на современата уметност и Младинскиот културен центар ќе биде поставена голема изложба на американски „Поп-арт“. Станува збор за лепеза од повеќе од 100 графички дела, од Енди Ворхол, Рој Лихтенштајн, Роберт Раушенберг, Џон Чемберлејн, Том Веселман и Џејмс Розенквист. Од МКЦ потенцираат дека делата на поп-артистите пред се` упатуваат на потрошувачката култура, маркетингот и јавните гласила. Поп-артот е инспириран од дадаизмот за да дозволи хуморот, иронијата и критиката да бидат дел од нивните дела како вид уметничка стратегија.

Во 21 часот на Плоштадот „Македонија“ ќе се одржи звучно-светлосен перформанс на француската спектакл-трупа „Compagnie des Quidams“. Групата е формирана пред 22 години, и досега има гостувано во повеќе од четириесет држави на повеќе континенти. Compagnie des Quidams ја сочинуваат дваесетина уметници од театарот, музиката, циркусот, останати сценски изведувачки уметности… Во „Бела ноќ“ ќе настапат со нивната последна продукциска претстава „FierS ? Cheval“.

Петнаесетина минути по настапот на француската трупа, ќе се одржи уште еден уличен театарски перформанс, дело на полска трупа. Таа ќе „доплива“ на Плоштад со 30-метарска арка која претходно ќе плови по скопските улици.

Перформансот именуван „Арка“, ќе потсети дека се уште живееме во доба на бегалци, скитници, номади, кои патуваат низ континентите и си ги затоплуваат душите со спомените од домот, без разлика дали тој дом е духовен и/или етички, небесен и/или географски, реален и/или пак имагинарен.

Програма од „Бела ноќ“ ќе има и во Младинскиот културен центар. Таму ќе се одржи концерт на култната белградска група Дисциплина кичме, по повод издавањето на новата плоча именувана „Опет“. Ќе настапат и швајцарските рокенрол/блуз/гараж херои „Roy и the Devil’s Motorcycle“ и македонскиот инструментален пост рок квартет „Кхара“. Целовечерни концерти ќе има и во Денсинг салата на МКЦ и во Џебното кино.

И годинава манифестацијата „Бела ноќ“ ќе биде збогатена со филмскиот маратон под отворено небо во Градскиот парк и со изложби во Културно-информативниот центар.

Организаторите на манифестацијата информираат дека и годинава влезот во Золошката градина ќе биде бесплатен од пладне до 18 часот. Бесплатно ќе биде и возењето со автобусите на ЈСП кои сообраќаат кон централното градско подрачје, во период од 19 часот до раните утрински часови.

За поврзани вести продолжете надолу

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e