Таксират и Д фестивал номинирани за награда

Најпрестижните европски фестивалски награди годинава имаат три номинации за два фестивали од Македонија, Таксират и Д Фестивал, кои се заедно номинирани во категоријата „Најдобар мал фестивал“, во која влегуваат фестивалите со капацитет до 10.000 посетители дневно, и најдобар фестивал во затворен простор, во кој е номиниран Таксират.

Нашите фестивалски претставници се во борба за наградите во конкуренција со 52 фестивали од 17 земји во Европа.

Европските фестивалски награди се најзначајното меѓународно признаниеза препознавање на квалитетот на фестивалските организации, за наградите ќе одлучува публиката а гласањето е веќе во тек. Таксират и Д Фестивал може да ги поддржите на овој линк: http://eu.festivalawards.com/vote-now/

Сите оние што ќе гласаат автоматски учествуваат во наградната игра во која можат да освојат ВИП влезници за победничките фестивали, a победниците ќе бидат прогласени на свечената церемонија која ќе се одржи во јануари 2017 година во Холандија.

Годинава Д ФЕСТИВАЛ се одржа по шести пат и беше најголемото издание на фестивалот досега. ТАКСИРАТ годинава пак полни 18 години и осма година по ред се наоѓа помеѓу најдобрите фестивали во европа. Таксират годинава ќе се одржува од 13-ти ноември до 7 декември во Скопје.

„Ќе има голем број на самостојни концертни настани и ексклузивни гостувања на светските музички легенди“, известуваат од организацијата.

Досега најавени се:

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e