Свечена академија во родната Крива Паланка за актерката Милица Стојанова

Вчеравечер во гимназијата „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка се одржа свечена академија –“Ретроспектива на децениите во кои твореше уметничка дива – актерката Милица Стојанова”
Настанот го подготвија професорките од активот по македонски јазик и литература, а  учениците од ова училиште, приредија сценска реминисценција за нејзините почетоци и приемниот испит на најпознатата Паланчанка во Македонскиот народен театар.
Стојанова во соработка со професорките од гимназијата и членовите на активот по македонски јазик и литература, години наназад несебично ги пренесе актерските вештини и знаењата на бројни генерации кривопаланечки средношколци, при подготовка на разни драми и драмски изведби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e