Спајс Грлс никако да се комплетираат. Еве ја причината која ги кочи

И дознавме зошто …
Викторија Бекам е таа која го спречува собирањето на најпопуларниот женски британски бенд, и за тоа има, би рекле, прилично добра причина.

По неколку успешни и помалку успешни собирања, Мел Б, Ема Бантон и Гери Хорнер, месеци наназад сакаат да настапат под името Спајс грлс, но во таа намера ги спречува Викторија.

Како што соопштува британскиот таблоид The Sun, девојките затоа се очајни и ги боли што е тоа Викторија, која беше толку важен дел од нивниот живот сега со помош на адвокат им забрани да ги изведуваат култните песни под името Спајс грлс.

“Викторија е многу горда на историјата на Спајс грлс”, вели еден извор, објаснувајќи ја нејзината страна на приказната и дека не дозволува ново составување, како една од СГ-членка има законско право.

Мел Б, Ема и Гери минатата година се собраа во тимот на ГЕМ и најавија нов сингл. Сепак, тие се уште не успеаја да ја убедат Викторија да им дозволи на настапите да ги пеат старите песни под името Спајс грлс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e