Скандалозна русокоса: Оваа жена успеа да го „скроти“ фудбалерот Златан Ибрахимовиќ

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ, на теренот важи за темпераментна личност, но надвор од него е мирен како бубачка. За тоа се погрижила неговата невенчана сопруга Хелена Сегер.

Оваа атрактивна русокоса по многу работи се разликува од останатите сопруги на фудбалерите. Таа не сака шопинг, не сака експонирање во јавноста и не подлегнува на трендовите.


Швеѓанката Хелена Сегер и Златан Ибрахимовиќ се запознале пред 13 години на една забава. Таа тогаш имала 32, а фудбалерот 21 година.

Покрај разликата од 11 години, ги „делат“ и 30 сантиметри во височина.


Како плод на нивната врска се и двајцата синови Максимилијан и Висенте, а засега не планираат брак бидејќи официјалната потврда на нивната врска за Хелена би била „губење на самостојноста“.


Таа е одлучна во тоа сама да ги заработува своите пари и тврди дека досега ништо не зела од Златан.


Исто така, оваа Швеѓанка е позната и по своето скандалозно однесување, кога не сакала да биде „во иста корпа“ со останатите жени на фудбалерите и секогаш бара да и се обезбеди друг хотел далеку од нив.

 

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e