Седмата сезона од мегапопуларната серија „Игра на престолите“ стартува на 16 јули

Продуцентската куќа ХБО објави дека прикажувањето на новата седма сезона на мегапопуларната серија „Игра на престолите“ ќе започне на 16 јули.

Најавата на датумот на емитувањето на првата епизода од новата сезона, за кусо време предизвика вистински хаос на социјалните мрежи.

За само 20 минути по објавувањето на информацијата на Фејсбук, објавата доби над 130.000 „лајкови“.

Наспроти возбудата на најголемиот број љубители на серијата од новата сезона, некои од нив изразија разочараност бидејќи новата епизода „ќе се емитува многу доцна“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e