Родителите на Бред се бесни на Анџелина

Според најновите гласини поврзани со драмата Бранџелина, родителите на Бред Пит биле апсолутно очајни од шокантниот развод на својот син со Анџелина Џоли.

Мајката на актерот,Џејн, била исклучително разочарана од снаата, не само поради болката што му ја предизвика на Бред, но и поради фактот дека се обидува да ја наруши неговата репутација, тврдејќи дека тој е лош татко со зависност кон алкохолот и дрогата.

“Срцето на Џејн е скршено од оваа разделба. Таа и без тоа ги гледа многу ретко внуците од Бред, а сега по разводот, воопшто не се знае кога ќе ги гледа “, тврди близок до фамилијата пред сајтот Radar Online.

Покрај тоа изворот тврди дека Бред не е при себе во последно време и не престанува да плаче од тага по скршеното семејство, како да одбивал да поверува што се случило, но ниту пак сакал да ја напаѓа Џоли јавно.

Тој секој ден разговарал со својата мајка, со таткото Бил, со својата сестра Џули и братот Даг, кои сите биле вистински загрижени за него.

Информаторот додава дека родителите на Бред не успеале да се зближат со 41-годишната Џоли за 12-те години врска на својот син со неа, иако постојано обидувале да ја поздравуваат во семејството.

Згора на сè Џоли го ангажирала својот брат Џејмс Хевен за чување на 6-те деца и не дозволувала Џејн и Бил да бидат околу децата без надзор.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e